Гувернерот на Њу Џерси откри зошто Трамп секогаш носи предолга вратоврска

Новиот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи во своите мемоари „Let Me Finish” откри интересен факт за Доналд Трамп – зошто тој секогаш носи многу долги вратоврски.
На социјалните мрежи (а и не само на социјалните мрежи), се исмеваат на сметка на вратоврските на Трамп кои редовно го покриваат шлицот на неговите панталони, и постојат бројни теории за тоа зошто се толку долги.
Некои мислат дека тој сака да го одвлече вниманието од својот стомак, па дури и да привлече внимание кон своите гениталии.


Но, Кристи тврди дека тоа е затоа што Трамп смета дека (пре)долгите вратоврски го прават визуелно послаб. Во мемоарите тој напишал дека Трамп неколку пати го потсетил на тоа, а прв пат му го спомнал во 2005 година. „Треба да изгледате подобро за да победите”, му рекол тогаш Трамп советувајќи го за вратоврската.
Во 2016 година, тој го потсети дека долгите вратоврски визуелно придонесуваат човекот да изгледа послаб.
Сепак, модните експерти не се согласуваат со Трамп. GQ пишува дека вратоврската никогаш не треба да досега подалеку од работ на ременот, а кројачот Џек Стамерс рече дека Трамп не е во право бидејќи долгата вратоврска само “го прави телото да изгледа пократко”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.