Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска предупреди дека светот влегува во „ера на хаос“ и оти се потребни важни реформи, изразувајќи жалење за поделбите што го парализираат Советот за безбедност на ОН.
Презентирајќи ги приоритетите за 2024 година пред Генералното собрание на ОН, Гутереш рече дека владите „ги игнорираат и ги поткопуваат самите принципи на мултилатерализмот, без одговорност“.
- Бајден: САД работат на тоа да им се овозможи на раселените од северен Израел да се вратат домаАмериканскиот претседател Џо Бајден изјави дека „работи“ на тоа да им се дозволи… Read more: Бајден: САД работат на тоа да им се овозможи на раселените од северен Израел да се вратат дома
- КОЈ Е ИБРАХИМ АКИЛ? Беше фигура во сенка на ХезболахИбрахим Акил, познат и како Тахсин, е клучен оперативец на Хезболах од основањето… Read more: КОЈ Е ИБРАХИМ АКИЛ? Беше фигура во сенка на Хезболах
- УЧЕНИК СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЛ ВРСНИК – Мајката пријавила во полиција!Мајка од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиниот син бил сексуално вознемируван… Read more: УЧЕНИК СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЛ ВРСНИК – Мајката пријавила во полиција!
- НИКОЛОСКИ ВО БУДИМПЕШТА: Македонија влегува во силен инвестициски циклусВлегуваме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната и железничката… Read more: НИКОЛОСКИ ВО БУДИМПЕШТА: Македонија влегува во силен инвестициски циклус
- Истрагата за обидот за атентат на Трамп: Агентите премногу опуштени, протоколот прекршенДиректорот на службата, Роналд Роу, денеска им изјави на новинарите дека некои агенти… Read more: Истрагата за обидот за атентат на Трамп: Агентите премногу опуштени, протоколот прекршен
– Советот за безбедност, главниот инструмент на светскиот мир, е блокиран поради геополитички пукнатини. Ова не е првпат Советот за безбедност на ОН да биде поделен. Но овој пат е најтешко. Сегашната нефункционалност е подлабока и поопасна, рече Гутереш.
Тој изјави дека механизмите воспоставени за време на Студената војна придонеле за управување со односите на суперсилите, но дека тие не постојат во денешниот мултиполарен свет „кој влегува во ера на хаос“.
Советот за безбедност не можеше да реагира на рускиот напад врз Украина поради руското вето, а сега не може да заземе единствен став за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, бидејќи САД го блокираат секој повик за прекин на огнот.
Гутереш предупреди на можен израелски копнен напад врз Рафа, на границата на Појасот Газа и Египет, каде што се наоѓаат стотици илјади раселени Палестинци.
– Таквата акција значително би ја влошила ситуацијата, која веќе е хуманитарен кошмар, со непроценливи регионални последици, рече Гутереш, уште еднаш повикувајќи на „итен хуманитарен прекин на огнот“ и ослободување на заложниците.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.