Дел од англиските медиуми излегоа со снимки дека при погодокот на Брентфорд имало офсајд, ВАР судијата Ли Мејсон не повлекол линии во спорната ситуација.
Во ВАР собата фокусот го ставија на Пинок, но не и на Кристијан Ногард кој беше во офсајд.
Ли Мејсон заборавил да подвлече линија на втората ситуација, а со тоа го оштети Арсенал.
„Ги гледав снимките од голот на Брентфорд и сметам дека тоа беше чист офсајд. Ако ги следиме правилата кои судиите ги објавуваат, тогаш голот требаше да биде поништен“, изјави Артета.