Дали го чувате кромидот во фрижидер?

Американскиот земјоделец Шеј Мајерс често објавува видеа на својот TikTok профил со совети како да одгледувате и чуваате одредена храна.
Во новото видео, тој одговори на прашање од следбеник кој се пожали дека кромидот му се распаѓа за помалку од една недела – па како да го чува?


„Ако купите кромид на почетокот на октомври, тогаш ќе го добиете директно од полето. Но, од ноември до средината на април, продавниците се потпираат на претходно складирани производи. Понекогаш кромидот се чува до една година во посебни услови, пред да стигне до продавниците. Како да остане свеж? Тајната е во протокот на воздух и температурата“, открива Шеј.
Тој исто така откри колку е целосно погрешно да се чува кромидот во фрижидер.
„Тоа е најлошото место каде што можете да го чувате кромидот„, советува тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.