Џенифер Лопез призна дека нејзиниот сопруг Бен Афлек и префрла за нејзиниот избор на облека.
Пејачката (55) и актерот (51) се подготвуваат за развод откако минатата недела не успеа последниот обид за помирување. Извори за американските медиуми изјавиле дека документите за развод на парот се готови, но се уште не се доставени.
Сега повторно се појави интервју во кое Џенифер откри дека понекогаш би се судриле поради нејзината оскудна облека. Пејачката може да се пофали со завидна дизајнерска гардероба и не се плаши да ја покаже својата неверојатна фигура на црвениот тепих, често избирајќи длабоки деколтеа и проѕирни дизајни.
Сепак, таа за време на интервјуто во живо со Кели минатата година рече дека Бен се исмева со нејзината оскудна облека.
„Понекогаш ќе се пошегува со мене… Ќе каже некои работи како, каде е остатокот од таа блуза?“, рече таа.
Со месеци се шпекулира за нивниот развод, а парот е виден заедно само во неколку наврати. Посебно внимание беше нивната годишнина од бракот, на која ниту Џенифер ниту Бен не се осврнаа, како и неговото отсуство на нејзиниот неодамнешен роденден.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.