Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок упатила закани до одредени земји за да гласаат за резолуцијата за Сребреница, дознава „Политика“.
Ова е само уште еден во низата притисоци да се донесе резолуција во Генералното собрание на ОН со која настаните во Сребреница се дефинираат како геноцид и се наметнува колективна одговорност врз српскиот народ.
Главни спонзори на резолуцијата се Германија и Руанда.
Извор: politika.rs