Дали маслиновото масло навистина штити од сонце? Дерматологот го реши вечното прашање – Немате поим што всушност прави таа!

Популарен тренд кој со години се шири кај помладата популација во летните месеци е главна тема ова лето, а станува збор за маслото за заштита од сонце. Кај жените постои мислење дека маслиновото масло ја штити кожата од сонцето, а дали тоа навистина е точно ни открива д-р Лана Ќирковиќ, дерматовенеролог.Нашиот соговорник д-р Ќирковиќ даде неколку клучни совети како да се заштитите од сонце, што да правите кога ќе изгорите, но и објасни дека  маслиновото масло може да се користи само за обновување на кожата.– Маслиновото масло не може да не заштити од сонцето бидејќи не содржи UVB и UVA филтри. Богат е со антиоксиданси кои помагаат за закрепнување на телото и кожата, но не обезбедува заштита од сонце – ја реши вечната дилема на д-р Лана, и одговори на прашањето дали треба да земаме дополнителни суплементи во форма на лекови. со цел навреме да се заштитиме од сонцето.–  Употребата на суплементи е многу популарна во последните години. Во текот на летото не е задолжително, но луѓето кои се повеќе изложени на сонце можат да користат препарати кои ја поттикнуваат заштитата на кожата од штетното влијание на УВ зрачењето. На прво место е бета-каротинот, кој е присутен во овошјето и зеленчукот. Во организмот се претвора во витамин А. Со земање неколку недели пред одмор помага во фотозаштитата на кожата – додаде нашиот соговорник.Нега на кожата и ретинолСо оглед на тоа што во текот на топлите летни месеци се почесто се гледаат млади жени како користат ретинол, дерматологот предупредува дека не треба да го прават тоа.– Избегнувајте фотосензибилизирачки производи во текот на летото. На прво место, ретиноидите, најчесто го спомнуваме ретинолот. Исто така, не треба да користите препарати со АХА и БХА киселини, освен ако строго не се заштитувате од сонце – ги советуваше сите жени д-р Ќирковиќ и додаде дека кожата мора да се негува дури и на одмор, но дека на здравите луѓе не им требаат препарати. . – Подготовката на кожата генерално не е неопходна освен за купување крема за сончање, капи и лесни кошули или фустани со долги ракави. Понекогаш е потребна дополнителна подготовка за луѓе кои се алергични на сонце. Од дерматолог можат да добијат соодветни совети, терапија и подготовка за одење на одмор – изјави докторката.Што да правиме кога ќе изгориме од сонце?– Најдобро би било никогаш да не дојдете во ситуација да се изгорите од сонце. Доколку тоа веќе се случи, препорачливо е да се разлади регионот со термални води, ладни облоги, како и препарати за нега кои го поттикнуваат обновувањето на кожата. Во наредните денови се советува физички да се заштити изгорената кожа со облека и секако со производи за сончање – истакна Лана Ќирковиќ.По враќањето од одмор, негата на кожата е исто толку важна како и за време на престојот на сонце. Тогаш самата кожа е почувствителна и треба да се храни.Препораката на д-р Лана е обичните сапуни да се заменат со синдети и купки со масло. Синдетите се производи кои не ја сушат кожата како класичните гелови за туширање, немаат вештачки мириси, се понежни за кожата и не ја иритираат.– Неопходна е секојдневна нега на кожата за време и по одморот. Вклучува туширање со синдети и маслени купки, како и нанесување омекнувачки препарати – објасни нашиот соговорник.

Пронајдете не на следниве мрежи: