Дали некогаш сте се запрашале зошто секогаш ги посакуваме работите кои ни се недостижни?
Се чини дека во човечката природа е да го сакаме она што мислиме дека не можеме да го имаме. Речиси секој романтичен филм кој го гледаме се врти околу една личност која посакува друга личност која според неа е „предобар/предобра“ или надвор од нивната лига.
И тоа е многу поврзано со нашето уверување дека љубовта и привлечноста се еднакви со фасцинацијата со некоја личност. Тоа е причината поради која луѓето најчесто покажуваат незаинтересираност за оние кои се заинтересирани за нив. Тоа е сосема спротивно на природата да посакуваме работи кои не можеме да ги имаме.
Научени сме да ги поврзуваме возбудливите успеси и обесхрабрувачките неуспеси кои ги доживуваме додека трчаме по некого со тоа дека имаме нешто за коешто вреди да се бориш.
Оние кои ни се очигледно недостижни ги сметаме вредни во тој наш свет. Од биолошка гледна точка, има логика во тоа да ги бараме оние за кои мислиме дека се подобри од нас. Тоа е поентата на репродукцијата. Луѓето со текот на времето еволуирале такашто природно бараат луѓе кои се здрави и силни, но и кои се емоционално доволно зрели за да можат да ги негуваат, штитат и да бидат верни. Зошто тогаш се чувствуваме незаинтересирани за партнерите кои ја гледаат таа „подобра страна“ во нас? Одговорот лежи во длабочината на нашата душа.
Во еден дел од нашата душа постои верувањето дека не сме доволно вредни за љубов и таа несигурност нѐ тера да се цениме помалку. Кога некоја личност посакува нешто што „не вреди толку“, ние и даваме помала вредноста на таа личност. Природниот тек на мислите води до заклучокот: „Сигурно нешто не е во ред со нив кога им се допаѓа некоја личност како мене.“
Не живееме удобно со овие мисли. Живееме удобно во потрага за некој друг и од некоја причина поправо би прифатиле одбивање отколку да прифатиме љубов од личност која помалку ја цениме.
Како што гледаме, природната наклонетост за избегнување на оние кои се заинтересирани за нас се случува од две причини. Се поставува прашањето: Кога ќе го сфатиме тоа, како можеме да ја искористиме таа информација за да ги поправиме нашите животи? Колку од нас ќе почнат да им даваат шанси на другите? Како да ја надминеме несигурноста за да ѝ дадеме шанса на среќата?
Тешко е да го совладаме сопственото его, но ако успееме, отвораме нова животна димензија.