Дали Оливер Спасовски е префрлен во приватна клиника?!

Здравствената состојба на министрот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е влошена. Ваквата информација се рашири по социјалните мрежи.
Република се обиде да добие одговор од Министерството за внатрешни работи, но никој не одговара на телефонските повици.
-Оливер Спасовски вчера бил префрлен од Инфективна клиника во приватна „Жан Митрев“. А обичниот граѓанин во државните болници во Прилеп, Штип и Куманово?!? – гласи еден од твитовите во кои се посочува дека министерот Спасовски е хоспитализиран во приватна клиника.
МВР не одговара на повиците, а јавноста има право да знае што се случува со министерот за внатрешни работи. Која е причината поради која тој е префрлен на приватна клиника? Дали државните клиники не можат да понудат соодветна нега?! Дали Министерот не верува во здравствениот систем со кој рајоводи Венко Филипче?!
Ова се само дел од низата прашања на кои институцијата со која раководи Оливер Спасовски треба да одговори.

 

Извор: Република.мк

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.