Дали омилениот парфем ви го упропастува љубовниот живот?

Повеќето од нас имаат посебен, омилен парфем со кој се чувствуваме посебно. Тоа е оној парфем кој најчесто го носиме на првиот состанок, но можеби не треба тоа да го правиме.
Имено, психологот Белиса Вранич, за “PopSugar” изјавила дека не би било лошо на првиот состанок да дојдете без парфем.
“Порано, луѓето се потпирале на осетот за мирис, за да добијат информација за некоја личност. Сега луѓето го прикриваат својот мирис, со парфем, па затоа не може да дојде до израз мирисот кој би нè привлекол или одбил од некоја личност”, раскажала докторката.


Истражувањата покажале дека чувството за мирис игра важна улога во делот кога го избираме партнерот, а докторката Вранич појаснува зошто ни е важно тоа нам.
“Една причина зошто мирисот свесно или потсвесно ни кажува што чувствуваме во врска со партнерот е тоа дека делот од мозокот во кој е сместен центарот за мирис, е многу блиску до делот кој управува со меморијата”, додала.
Докторката за крај порачала дека носењето на парфем само од себе не е лошо, но додала дека тоа може да биде причина да не го почувствувате тоа посебно “нешто” во врска со другата личност.
“Навистина е важно да сфатите дали некој ви се допаѓа со неговиот природен мирис, без парфем”, заклучила за крај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.