После раскинувањето, често си го поставуваме прашањето – што понатаму? Дали е подобро со поранешниот партнер да ги прекинете сите контакти или можеби можете да останете пријатели?
Доколку го превземете „ризикот“ со поранешниот партнер да изградите пријателски однос, мора да знаете дека ќе поминете низ една емотивна криза, во која ќе се прашувате дали раскинувањето била правилна одлука. Нема да бидете во состојба веднаш да се префрлите на пријателски однос и емоциите ќе ви бидат измешани, што остава простор тој повторно емотивно да ве повреди, само овојпат можеби несвесно.
Психолозите сметаат дека после раскинувањето, најдобро решение е секој да тргне на своја страна. Не треба да се разделите во лошо расположение, останете во добри односи, за секогаш кога ќе се сретнете да можете убаво да поразговарате, но секој од вас нека има свој живот. Така едноставно е најдобро за двајцата.