Европејците со векови се колнат во здравствените придобивки на сауните и тврдат дека покрај релаксацијата и потењето, редовните посети на сауна можат да направат сè – од намалување на крвниот притисок до продолжување на животот.
Дали сауните се навистина добри за вашето здравје?
Но истражувањата за сауните успеале само да ја нагласат сличноста помеѓу сауните и сличните животни одлуки како исхраната или распоредот на спиење, наместо да ја докажат нивната ефикасност.
Сепак, ако доволно квалитетни истражувања пронајдат поврзаност помеѓу сауните и намалување на ризикот од бројни болести, можеби доказите се охрабрувачки. Ова е заклучокот нa истражувачкиот тим воден од финскиот спортски научник доктор Јари Лауканен.
„Доказите укажуваат дека покрај користењето за задоволството, сауните можат да бидат поврзани со неколку здравствени придобивки вклучувајќи намалување на ризикот од срцевите болести, невролошките нарушувања, смртноста и подобрување на состојбите како артритис, главоболка и грип.“
Јари и неговите колеги истакнуваат дека некои од овие ефекти се послаби и потребни се подобри истражувања. Но додека да откриеме повеќе, Финците ги користат сауните редовно. Тие се важен дел од нивната културна историјата и жителите на скандинавската држава редовно посетуваат сауна еднаш до три пати неделно. Погледнете некои од придобивките од сауните.
1. Кардиоваскуларни придобивки
Според анализите, само две истражувања ги покажале долгорочните влијанија на кардиоваскуларното здравје. Во едното истражување учествувале 2.315 мажи од Финска, а истражувањето траело 20 години. Се покажало дека почестото и подолго посетување на сауната го намалува ризикот од ненадејна смрт поврзана со срцето. Второто истражување вклучувало 1,628 мажи и жени и траело 15 години. Со него се открило дека 4 до 7 посети на сауна неделно го намалуваат ризикот од инфаркт за 62%, за разлика од посетување сауна еднаш неделно.
2. Невролошки заболувања
Истражувањето на Јари вклучувало 2,315 испитаници кои редовно посетувале сауна. Тие покажале намалување на ризикот од деменција и Алцхајмерова болест за 66% и 65% во споредба со оние кои посетувале сауна еднаш неделно. За жал невозможно е да се покаже дали сауните навистина ги штителе невроните или развитокот на болестите е намален поради задоволството.
3. Крвен притисок и пулмонално заболување
Неколку истражувања покажале дека сауните можеби ја подобруваат функцијата на белите дробови и го намалуваат ризикот од респираторни болести како астма и пневмонија. Сепак овие резултати се собрани од мал број испитаници. Истражувањата за здравјето на крвниот систем покажале дека сауните можеби го регулираат крвниот притисок, но овде се разгледувале само краткотрајните ефекти.
4. Главоболка
Интересно е што единственото контролирано истражување открило дека сауните можат да ги намалат хроничните главоболки.
Опасности
Кога станува збор за ризикот од посетување сауна како ненадеен инфаркт или изгореници, авторите сметаат дека овие несреќни настани се случувале само кога луѓето мешале алкохол и сауна. Краткотрајното изложување на екстремна топлина е безбедно за повеќето луѓе, освен за оние кои страдаат од сериозни нарушувања на срцето и нестабилен крвен притисок.