ДАНСКА ДОБИ НОВ КРАЛ – Маргарет II се повлече и му го предаде тронот на својот син 

Фредерик X денес стана новиот крал на Данска, наследувајќи ја својата мајка, кралицата Маргарета Втора, која формално абдицира по 52 години владеење.

Фредерик X стапна на тронот на состанокот на Владата во 14 часот, кога кралицата Маргарета ја потпиша декларацијата за абдикација.

Злато за таеквондиската Ведрана Тунески во Тирана!
Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на на Е2 Тирана Опен Кадети во конкуренција до 41 килограм. До златото, таа стигна со четири …
ОРБАН ЗА ЗАЕМОТ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА: Кинески пари не можеме да ви даваме, но европски пари можеме и ќе ви ги даваме
Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат на …

Покрај кралицата, во кабинетот присуствуваа и владините министри и секретарот на кабинетот, кралот Фредерик и неговиот син, престолонаследникот Кристијан.

Телевизијата прикажа снимка од кралицата Маргарета како го напушта замокот Кристијансборг со автомобил низ огромни толпи во Копенхаген.

Наследувањето на тронот во Данска е свечена церемонија која всушност не бара ништо друго освен потпис.

Така, кога кралицата го стави својот потпис на документот, тоа значи дека може да се прогласи новиот регент.

Кралицата Маргарета беше на данскиот трон 52 години, од 14 јануари 1972 година до денеска. Таа ја презеде функцијата од нејзиниот татко, кралот Фредерик IX.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.