ДАНСКА: Министерство за одбрана забрани Тикток на службените уреди

Данското Министерство за одбрана им се приклучи на другите западни земји во забраната за употреба на кинеската платформа за кратки видеа Тикток на службените мобилни телефони и други уреди.

Данското Министерство за одбрана забрани Тикток на службените уреди

Употребата на платформата е забрането од безбедносни причини, но и затоа што апликацијата е потребна само до многу ограничен степен за работата на вработените, соопшти Министерството во Копенхаген во понеделникот.

Секој што има инсталиран Тикток на своите службени мобилни телефони или други уреди, треба да ја избрише апликацијата што е можно поскоро.

Министерството ги следи препораките на Данскиот центар за компјутерска безбедност (CFCS), кој неодамна советуваше да не се користи Тикток на уредите на владините агенции.

Како што пренесе ДПА повикувајќи се на данските медиуми, министерствата за правда и клима и енергија во земјата веќе ја забраниле апликацијата.

Апликацијата веќе е забранета на службени мобилни телефони во други западни земји, како што се САД, Канада и од летонското Министерство за надворешни работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.