Дарко Лазиќ пресреќен, повторно ќе стане татко

Во тешката борба за живот која ја води по ужасната сообраќајка на Дарко Лазиќ не можеше да му се случи ништо поубаво. Имено, за нешто повеќе од 6 месеци тој по вторпат ќе стане татко. Според извор близок на семејството Лазиќ, девојката на Дарко, Марина Гагиќ пред неколку дена дознала дека е на почетокот на третиот месец од бременоста.
-Марина не доби циклус, но мислеше дека тоа е последица на стресот кој го доживеа од несреќата на Дарко. Меѓутоа, прегледот покажа дека не е во прашање тоа, туку бременост. Почна да плаче, не можеше да верува што се случува. Секако, веста веднаш му ја соопшти на своето и на семејството на Дарко, вели соговорникот на српски “Телеграф“.
Како што објаснува, Марина убавата вест му ја кажала на Дарко во вторникот.
-Тој дозна пред два дена. Плачеше и се смееше во исто време. Во ситуацијата во која се наоѓа, поубава вест не можеше да слушне. Сосема сигурно е дека тоа му дава сила и ветар во грб за да се бори за побрзо закрепнување, додава изворот за “Телеграф“.
Да потсетиме, пред неколку дена се појави информација дека Марина го оставила Дарко, но неговата мајка тоа со насмевка го демантираше. Сега знаеме и зошто, а и таа самата потврди дека бебето доаѓа:
-Вистина е, да. Марина е бремена. Пресреќни сме, сите, што друго да ви кажам? И Дарко и сите ние, одговорила Бранка.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.