Пејачот Дарко Лазиќ успешно се опоравува од страшната сообраќајна несреќа која ја имаше во октомври минатата година.
Со оглед на тоа што тој добил вишок на килограми сериозно размислува покрај сите хирушки интервенции кои ги имаше поради сообраќајната несреќа да направи и еден зафат кој би му го подобрил квалитетот на животот.
Тој со радост за српските медиуми изјавил дека наскоро целосно ќе се опорави.
-тоа не е уште конечна одлука, зборувам дека тоа би можело да се случи. Не сум се распрашал се уште за доктори, ќе видиме, но во меѓувреме добро тече заздравувањето на ногата. Нормално одам, работам, не можам само да трчам, се надевам дека за година дена тотално оздравам, вели Дарко.