Прераната смрт на познатата актерка Билјана Беличанец- Алексиќ, која доцна синоќа беше пронајдена обесена во својот стан во Скопје ја шокираше не само актерската фела туку и цела Македонија. Покрај тоа што беше актерка, Беличанец во 2013-та година влезе и во полититиката. Беше градоначалник на Општина Кисела Вода, а функцијата ја извршуваше се до пред две години.
-Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче. Замина во Недојдија…, напиша Дац на својот ФБ профил.