Дачиќ: Едно лице е уапсено поради закана по безбедноста на претседателот Вучиќ

Според вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, уапсениот е Д. М. од Сомбор и тој е веќе во 48-часовен притвор

Српската полиција уапсила едно лице поради, како што се вели, упатување закани кон претседателот Александар Вучиќ.

Според вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, уапсениот е Д. М. од Сомбор и тој е веќе во 48-часовен притвор.

„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на државата, сомборецот Д. М., е уапсен и одредена му е мерка притвор во полиција од 48 часа“,

се вели во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи кое го пренесува Танјуг.

Како што пренесуваат српските медиуми, заканувачките пораки кон Вучиќ биле откако тој на социјалната мрежа Икс објавил дека е шокиран од атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо нарекувајќи го голем пријател на Србија. Во одговорите на неговата објава пишувало дека следната цел ќе биде Вучиќ.

!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);

The post Дачиќ: Едно лице е уапсено поради закана по безбедноста на претседателот Вучиќ appeared first on 365.com.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: