Дачиќ: На Србија за Косово ѝ е потребна поддршката на Русија и Кина

Српскиот премиер Ивица Дачиќ истакна дека на Србија за решавањето на проблемот со Косово ѝ е неопходна поддршката од Русија, Кина и другите големи сили и дека таа поддршка е темелена на вредностите на меѓународното право и вистината, соопшти во саботата владината канцеларија за односи со јавноста.

 
Како што се наведува во соопштението што го цитираат белградските медиуми, српскиот премиер и воедно министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ во Њујорк во разговорот со шефот на мисијата на Руската Федерација при Обединетите нации, Виталиј Чуркин му се заблагодарил на поддршката што Москва му ја дава на Белград и истакнал дека Србија не може да го прифати членството на Косово во ОН, затоа што прашањето на статусот на Косово и Метохија не е решено.
„Руската федерација принципиелно и конструктивно ја поддржува Србија со цел да се изнајде праведно решение и да се обезбеди мир во регионот, а во прв ред опстанокот на Србите”, рекол Дачиќ и истакнал дека Србина не го менува својот став што се однесува до членството на Косово во Обединетите нации.
„Не можеме да го прифатиме членството на Косово во ОН затоа што сметаме дека прашањето за статусот на Косово не е решено и дека е неопходно да се бара праведно решение кое ќе биде во интерес на Србите и на Албанците”, рекол Дачиќ.
„За нас тоа е недозволиво, а за тоа ја имаме и поддршката на Руската Федерација, прашањето за членството во ОН да се решава со парцијални договори”, додал Дачиќ.
Српскиот премиер имал во Њујорк и разговорот со уредништвото на њујоршкиот весник The Wall Street Journal на трибина, при што истакнал дека Србија има предност како инвестициски регион и изразил очекувања дека во 2013 година ќе бидат зголемени американските инвестиции.
Според Канцеларијата на Владата на Србија за соработка со медиумите, Дачиќ на тркалезната маса на њујоршкиот весник ги изнел и европските перспективи на Србија, политичката ситуација во земјата и настојувањата на Србија преку дијалог за Косово и Метохија да се дојде до праведно решение.
Макфакс
Српскиот премиер Ивица Дачиќ истакна дека на Србија за решавањето на проблемот со Косово ѝ е неопходна поддршката од Русија

Пронајдете не на следниве мрежи: