„Да бидеме хумани“, мисија за децата од социјално загрозени семејства да ја почувствуваат новогодишната магија

Трета година по ред, мајките Елена (@elenagagic) и Симона (@moe_dete) преку својата мисија на хуманиот проект „Да бидеме хумани“ подаруваат искрени насмевки и радост за новогодишните празници. Токму тие како активистки на социјалните мрежи потикнаа многу граѓани заедно да донираат за децата од социјално загрозените семејства да ја почувствуваат новогодишната магија, во соработка со здружението „Љубезност” и здружението „Линк“.

„Пресреќна сум што пред три години на социјалните мрежи промовираме како родителите дома заедно со децата активно да поминат квалитетно време, да се забавуваат а воедно да ги оттргнат децата од модерните технологии. Преку нашата неформална соработка и акција, дојдовме до идеја годината да ја завршиме со насмевка на децата од социјално загрозени семејства, со добро дело на секој од нас преку социјалните медиуми да донираме и „ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ”. Благодарни сме што минатата година се донираа над 1000 новогодишни пакетчиња. Оваа година имаме креативна работилница на тема „Нова година – топол дом“, во која секој кој учествува донира 100 денари и се наменети за пакетчињата, вели Елена Гагиќ Стојчевска.

Целта на проектот е да соберат што повеќе донации, а се промовира преку социјалната мрежа Instagram, на која работат со повеќе групи. Оваа година ќе промовираат и поддржат над 100 локални бизниси кои се пријавија како спонзори на овој проект.

„Ние две ќе бидеме многу среќни доколку за празниците на сите деца од загрозените семејства би им подариле пакетчиња. Секој кој сака да биде дел од оваа приказна може да донира директно преку телефонот на Телеком: 070/143-100 и А1: 143-600 или преку жиро сметка на „Љубезност“, на Комерцијална банка 300-00000-429785 со назнака Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени деца и исто така може да креирате пакетче и да го доставите“ додаде Симона од профилиот Мое дете.

Проектот е да создадат што повеќе детски насмевки, така што собраните средства од донациите заедно со здружението “Љубезност” кои се нивна водилка во проектот, ќе бидат наменти за новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, додека преку здружението „Линк“ пакетчиња наменети за деца во општините Бутел и Чучер Сандево.

Тие двете велат дека секое дете на светот е исто и секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови. Да бидеме сите хумани!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.