Да вечерам или не?

Добро познато е златното правило за диета, а тоа е да не јадете навечер. Или обратно, доколку сакате да ја зголемите телесната тежина треба да јадете доцна навечер. Бројни истражувања велат дека јадењето одредена храна во текот на ноќта, всушност, може да го забрза метаболизмот и да ви помогне во идејата за постигнување идеална телесна тежина.
Вистината е дека ништо магично не се случува по 8 или 9 часот навечер. Единствената причина поради која треба да се избегнуваат обилни оброци навечер е поради фактот што во текот на ноќта сме помалку активни и трошиме помалку калории. Исто така, на крајот од денот сме повеќе опуштени и ни се зголемува апетитот. Друга причина за тоа зошто вечерта ја обвинувате за вишокот килограми е и навиката да јадеме пред телевизорот додека ја гледаме омилената вечерна емисија. Јадењето навечер не е погрешно доколку се придржувате на здрави навики. Нормално дека не се препорачува да јадете брза храна пред да легнете. Прочитајте ги заклучоците од бројни истражувања кои ќе ви помогнат да го забрзате метаболизмот.
Вечера која содржи многу малку шеќери го регулира нивото на шеќер следниот ден
Резултатите од неодамнешната студија во САД докажале дека тоа што го јадете за вечера може да влијае на тоа како вашето тело ќе реагира на појадокот следното утро. Резултатите покажаа дека луѓето кои јаделе вечера со помалку шеќер подобро го регулирале крвниот шеќер по појадокот следното утро.
Сите јаглехидрати не се претвораат во масти ако ги јадете навечер
Не прескокнувајте ги јаглехидратите по напорниот тренинг само затоа што е вечер. Јадењето сладок компир или банана е идеален оброк кој ќе ги надомести енергетските резерви во мускулите. Вежбањето има голем удел во тоа како телото ќе ја обработи и прифати храната. Не плашете се дека јаглехидратите ќе се претворат во масти бидејќи е доцна вечер. Оваа храна им е потребна на мускулите да ја вратат потрошената енергија и да бидат подготвени за следниот тренинг.
Јадењето јаглехидрати навечер ви помага да го контролирате гладот следниот ден
Внесувањето на вечера со јаглехидрати доведува до хормонски промени кои го намалуваат чувството на глад следниот ден. Ова се резултатите од истражувањето спроведено врз две групи на 63-годишни мажи и жени. На едната група им била дадена вечера богата со јаглехидрати, а другата група внесувала јаглехидрати само преку текот на денот. Резултатите покажале дека првата група која јадела јаглехидрати во текот на ноќта, можела да го контролира апетитот во текот на денот. Способност за контрола на глад е клучна стратегија за намалување на тежината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.