Почна Вимблдон, најпознатиот тениски турнир кој се одржува во Лондон и третиот Грен слем во сезоната.
Турнирот се одржува во Ол Ингланд клубот, каде во текот на двете недели од натпреварувањето ќе дојдат половина милион луѓе.
Како и секаде во светот, така и на Вимблдон цените пораснаа.
На пример, половина литар пиво чини околу 1,2 евра повеќе од лани.
Од друга страна, специјалитет на турнирот се јагодите со шлаг, чија цена не е променета од 2010 година, па порција се уште чини 2,9 евра.
Неофицијални извори велат дека за време на Вимблдон се јадат речиси два милиони јагоди.
На Twitter беа објавени цените на храната и пијалаците кои љубителите на тенисот ќе ги консумираат во наредните денови.
Цени за храна и пијалоци во Ол Ингланд клубот на Вимблдон:
Пиво 0,57 л (1 пинта) – од 8,38 до околу 10 евра
Шампањ – од 101 до 110 евра
Џин и тоник во лименка – 11 евра
Вода – 3 евра
Сокови – од 2,6 до 3,5 евра
Coca Cola Zero (330 ml) – 2,6 евра
Сендвичи со различни големини и со разни прилози – од 5 до 14 евра
Салати – околу 16 евра
Суши – од 9 до 17 евра
Чипс – 2,5 евра
Гумени бонбони – од 4 до 5 евра
Сладолед на стапче – околу 5 евра
Чоколадни барови – околу 3,7 евра
Овошје (банана, јаболко, праска…) – 1,4 евра по парче
Јагоди со шлаг – 2,9 евра