Двајца Кубанци биле уапсени од македонската полиција при обид илегално да ја поминат границата меѓу Македонија и Грција.
„Вчера во 10:00 часот во полициска станица Меџитлија биле лишени од слобода Л.П.М(39) и З.Л.Ф(19) од Куба, кои истиот ден во близина на граничната линија во село Драгош,битолско од полициски службеници од Граничната полиција биле откриени при обид илегално да ја преминат државната граница помеѓу Македонија и Грција. Истите биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка“, информираат од МВР.