Репрезентативците на Португалија, Нуно Мендеш и Данило Переира, денеска го напуштија кампот на оваа селекција во Катар, откако стручниот штаб процени дека нивните повреди се (по)сериозни и дека најдобро за сите е процесот на рехабилитација да го минат во својот клуб, француски ПСЖ.
Переира играше само на првиот натпревар против Гана, а потоа скрши три ребра на тренингот, додека левиот бек Мендеш ја обнови повредата на бутниот мускул на натпреварот од 2. коло против Уругвај. Меѓу заминатите не е Кристијано Роналдо, кој се закани со напуштање на Мундијалот ако повторно биде меѓу резервистите како во победата против Швајцарија (6-1).
Португалија задутре (сабота) ќе ги одмери силите против Мароко (16 часот) во четврт0финалето на СП 2022.