Во два одделни инциденти, рано утринава се запалени два автомобили во Скопје.
Како што информира Противпожарната бригада на град Скопје, во гасењето на првиот автомобил што бил запален на улицата „Дурмиторска“ бр 8 а учествувало едно противпожарно возило со четири пожарникари.
Пожарот, од кој била предизвикана штета од 150.000 денари, бил локализиран во периодот од 2:35 до 3:35 часот.
Второто возило било запалено на улицата „Мирослав Крлежа“ бб и во неговото гасење во периодот од 4:05 до 5:10 часот утринава, исто така, учествувало едно противпожарно возило со четворица пожарникари. Штетата што е предизвикана од вториот пожар засега е неутврдена.