Два земјотреси почувствувани во Штип и околината

Два земјотреси со Рихтерови локални магнитуди ML3.0 и ML2.1 и интензитети III-IV и II-III степени според Европската макросеизмичка скала се регистрирани рано утринава, во 03:24 часот и 04:11 часот, на 70 километри југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресите беа почувствувани од населението во Штип и околината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.