Во трагедија која полицијата вели дека можела и требало да се избегне, 2-годишно дете ја убил својата 22-годишна мајка во семејниот стан во Северна Калифорнија, а момчето на мајката се соочува со кривична пријава за нејзината смрт.
Полициската управа во Фресно извести дека Џесиња Мина (22) починала од една прострелна рана во горниот дел од телото, откако нејзиниот 2-годишен син извадил лошо складирано оружје во спалната соба и го повлекол чкрапалото. Куршумот ја погодил неговата мајка.
Полицајците го уапсиле момчето на жртвата, 18-годишниот Ендру Санчез на денот на пукањето. Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело несовесно чување на огнено оружје и загрозување на дете.