Денеска Апелација се произнесе за Груевски, му ја потрвди двегодишната пресува на понискиот суд. Потоа ќе се случи следново. За да ја изготви одлуката Апелација има рок од 60 дена. Кога таа ќе стигне во Кривичен, според АКМИС системот, ќе заврши во рацете кај судија за извршување санкции, кој ќе треба да му испрати на екс премиерот упатен акт кога да се јави во затвор, најверојатно во Шуто Оризари каде се издржуваат затворските казни до 3 години.
Судијата мора да одреди датум во кој Груевски треба да се јави во затворот. Груевски и неговите адвокати ќе можат преку вонреден правен акт да бараат преиспитување на одлуката во Врховен суд (бидејќи затворската казна е подолга од една година), но тоа не го одложува извршувањето на казната.
Груевски ќе има можност да бара да се одложи казната. Може да го спаси од затвор ако извршувањето на казната се одложи на одреден рок и во меѓувреме Врховен одлучи да ја укине пресудата и да го врати на повторно судење.