Две години укажувавме дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од градот да потпише градба и продолжи било каква реализација, напиша Арсовска
По пожарот кој ја зафати Универзална сала, на Фејсбук се огласи и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која го повика Министерството за внатрешни работи итно да ги истражи причините и доколку се детектира дека во прашање е човечки фактор, институциите да покренат соодветни постапки за одговорност.
„Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзална сала кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021 година е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа ни може да се продолжи, ни може да се гради. Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме! Две години укажувавме дека додека не се обезбеди нов проект и сериозна ревизија на градбата која е спротивна на проектот, дека нема шанси никој од градот да потпише градба и продолжи било каква реализација“,
пишува Арсовска на Фејсбук.
Советниците во Советот на Град Скопје на седница во јули 2023 година одлучија Министерството за култура да ја превземе Универзална сала и нејзината реконструкција. По неколку месеци, додава таа, мистериозно гори Универзална сала, наместо да се ревидира што правел изведувачот.
„Министерството за внатрешни работи итно да ги истражи причините и доколку за истото се детектира дека е во прашање човечки фактор и мотивирано е од погрешната и небезбедна градба за што има соодветна документација, за која укажувавме две години и поради која одбивме да продолжиме со изведувачот избран од претходното раководство, институциите да си покренат соодветни постапки за одговорност“,
порача градоначалничката на Скопје.
Пожарот во Универзалната сала во Скопје беше локализиран околу 11 часот.
Информацијата ја потврди и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Пожарот во Универзална сала е локализиран и нема опасност од негово ширење. Скопската противпожарна бригада работи на догаснување на пожарот“,
вели Ангелов во изјава за медиумите.
Причините за избувнувањето на пожарот засега се непознати.
Поврзани вести: