Движењето “Македонија блокира“ пред домот на Муковски

Припадинци на Граѓанското движење против уставните измени „Македонија блокира“ синоќа од пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани ги почнаа своите најавени протести пред домовите на пратениците од опозицијата кои гласаа за потребата од уставни измени.
По пристигнувањето Мукоски ги пречека демонстрантите, неколку од нив влегоа во неговиот дом, а останатите играа оро пред куќата со запалени свеќи во раце. Со песната “Едно име имаме” тие му порачаа да не го менува името на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.