Движењето на лицата над 65 години може да биде ограничено до крајот на годината

Рестриктивните мерки за постарите лица над 65 години може да продолжат да важат до крајот на годината.
Имено, доколку се утврди дека возрасното население нема имнунитет на коронавирусот, можно е мерките за ограничено движење за нив да траат до крајот на годината, соопшти на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.


-Планот е да го направиме веднаш по попуштањето на мерките или некаде на лето со цел да го процениме имунитетот на пример на возрасните над 65 години, на децата во школска возраст или на работоспособното население. Тоа ќе ни биде показател како да се димензионираат мерките, помалку или повеќе рестриктивни, по возрасни групи тогаш кога евентуално би сметале дека може да се соочиме со повторен пик на болеста. Дали тоа ќе биде наесен или не, ќе ја следиме епидемиолошката крива. Врз основа на резултатите од тестирањето ќе дадеме мислење на пример за тоа како треба да се организира наставата во училиштата. Доколку се утврди дека нема имунитет повозрасното население над 65 години може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време, до крајот на годината. Тоа ќе ни биде еден од показателите, изјави министерот Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.