Дебелината го загрозува и љубовниот живот

Дебелината го загрозува и љубовниот живот

Високиот холестерол во крвта не е само лош за срцето, туку може да го искомплицира и љубовниот живот, тврди едно истражување објавено во Списанието за сексуална медицина.

Зголеменото ниво на холестерол во крвта и другите маснотии веќе подолго време се поврзуваат со ерективните дисфункции кај мажите, бидејќи масните наслаги го отежнуваат дотокот на крв до половиот орган. Научниците дошле до заклучок дека таквата состојба влијае и на жените. Така, кај жените со повишен холестерол во крвта било измерено помало задоволство во сексуалниот живот од оние кај кои нивото на холестерол било на нормално ниво, иако високото ниво на холестерол не влијаело на желбата за секс.

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.