Според последните податоци, 330 новозаразени пациенти од коронавирусот се регистрирани во Србија во последните 24 часа.
За жал, во тој период починале уште 9 лица, така што вкупниот број на жртви е 582. Стапката на морталитет е 2,25 проценти.
Досега се регистрирани вкупно 25.882 заразени пациенти во Србија. Во последните 24 часа биле тестирани 9.109 лица, додека 678.093 тестови се направени од почетокот на пандемијата.
Во моментот, на респиратор има 159 пациенти, а 4,256 на болничко лекување. Најголем број на пациенти на респираторот е забележан на 22 јули, дури 205.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.