Девојка ја изненадила баба ѝ носејќи ја нејзината венчаница

Венчавките се големи настани кои доаѓаат со многу планирање и традиции. Иако самото тоа да најдете партнер со кој ќе сакате да го поминете животот е голем предизвик, самата венчавка има безброј свои предизвици. Сепак и покрај целата организација и трошењето пари, венчавките се одличен момент за создавање сеќавања што ќе траат. А тие сеќавања не се само за момчето и невестата.
Џордин Клеверли, 23-годишна девојка од Ајдахо, правела венчавка и се сетила на нешто интересно. Бидејќи венчаниците се премногу скапи, таа се запрашала дали ќе може да искористи стар фустан со сентиментална вредност. Таа одлучила дека сака да ја носи венчаницата на баба ѝ, но решила тоа да биде изненадување.


За да го оствари сонот, Џордин морала да направи неколку работи. Пред сè било потребно да го земе фустанот од кај баба ѝ без таа да забележи. Потоа го однела фустанот на шивачка која го средила. Венчаницата била од 1962-ра година, со долги ракави и била направена од свила. За среќа поправката била успешна и најважно од сè, тајна.
Големото изненадување се случило на пробната вечер. Џордин решила дека баба ѝ треба да биде првата личност што ќе ја види со венчаницата. За да го овековечи моментот, таа најмила и професионален фотограф. По само еден момент, баба ѝ сфатила што се случува. Џордин изјавила:
„Мислам дека светилките почнаа да се гасат кога ме здогледа како одам кон неа. Не заборавате како изгледа вашата венчаница.“


Џенсен, бабата на Џордин, станала вдовица пред 2 години, па фустанот ѝ предизвикал вистински наплив од емоции.
„Кога ја прегрнав баба ми, таа ми шепна: Се венчав со љубовта од средно во овој фустан, а сега и ти ќе го направиш тоа.“
Одлуката на Џордин ѝ значела премногу на Џенсен и вистинска среќа е што таа се сетила да го најми фотографот!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.