Итната помош добила дојава за напад што се случил во петокот во 15:55 часот во Кент и на местото на настанот е пронајдено повредено девојче (15).
15-годишната девојка е пренесена на лекување во болница во Лондон, а властите вчера соопштија дека таа е во стабилна состојба. Полицијата денеска соопшти дека 12-годишно момче е обвинето за убиство во обид. Со оглед на тоа дека е малолетник, неговиот идентитет не е соопштен од правни причини, пишува Sky News.