Денес 12 часот во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедо Мразовска трка, во која повеќе стотици учесници во препознатливите костими ќе трчаат во центарот на градот. Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер, па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Стартот и финишот на трката се на плоштадот „Македонија“, а ќе се трча кон Порта Македонија, Парк “Жена борец“, хотел „Холидеј Ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта.
Учеството во трката чини 300 денари, а првите 300 пријавени ќе добијат целосен Дедо Мразовски костим, односно палто, панталони, капа, ремен и брада. За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.