Заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне во 11 часот утре по повод празникот на трудот – 1 Мај, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршрута на движење на учесниците.
Предвидено е маршот да започне пред зградата на ССМ на ул. “Мирче Ацев“ со движење: лево по ул. “Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. “11-ти Октомври“, право по ул. “Димитрие Чуповски“, десно по ул. “Васил Главинов“, право по бул. “ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред објектот на Влада на РСМ во Скопје.
Од тие причини сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените сообраќајниците во централното градско подрачје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот.