Легендарниот италијански фудбалер, Алесандро дел Пјеро, потпишал нов едногодишен договор со австралискиот фудбалски клуб Сиднеј.
„За мене и за моето семејство доаѓањето во Австралија беше вистински предизвик, бидејќи претставуваше голема промена во нашите животи. Сега ни е прекрасно тука, сé ни се допаѓа, времето, градот. Сепак, овде решив да останам поради фудбалот“, рекол дел Пјеро. Поранешниот ас на Јувентус и италијанската репрезентација, кој има 38 години, според одредбите од новиот договор ќе остане во Сиднеј до крајот на февруари 2014 година. Дел Пјеро во Сиднеј годишно заработува околу два милиона долари, а сезонава на 18 натпревари има постигнато 11 погодоци. Екипата на Сиднеј, во австралискиот првенство, се наоѓа на петтото место на табелата, со 15 бодови помалку од лидерот Централ Коуст.
Макфакс
Легендарниот италијански фудбал