Ненародната Влада на чело со ДПНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ наместо да ја укинат Комисијата за историски прашања со непријателска Бугарија, тие на затворена седница го утврдија нејзиниот нов состав, си поставија свои луѓе во истата и формираа нова Комисија.
За жал, Комисијата за историски прашања ќе ги продолжи преговорите со непријателска Бугарија како предходната комисијата, ќе си зема дебели пари и ќе го празни народниот буџет, за да се докажува дали сме ние Македонци, дали нашиот јазик е македонски, дали имаме македонска историја, култура, дали постојат Македонци во Бугарија.
ДЕМОКРАТИ се против новата Комисијата за историски прашања со Бугарија и бараат ИТНО распуштање на истата!
Се додека Бугарија не не признава како Македонци, не ни го признава македонскиот јазик, историја и култура, не ги признае Македонците во Бугарија и не се извини пред светската јавност за лагите и понижувањата што ги врши врз Македонија и македонскиот народ, се дотогаш Македонија не треба да преговара со непријателска Бугарија, која ни го попречува патот кон ЕУ!
На Македонија и се потребни пријатели, а не непријатели како што е Бугарија!
П.С. ДЕМОКРАТИ упатуваат апел до новите членови на комисијата да ја напуштат ИТНО истата, затоа што како предходните членови на Комисијата за историски прашања со Бугарија ќе им нанесат огромна штета на Македонија и македонскиот народ и ќе бидат сметани од народот за предавници и слепи послушници на Владата на ДПНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ.
Новите членови на историската комисија:
Д-р Ванчо Ѓоргиев, претседател на комисијата, професор на Филозофскиот факултет
Д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје
Д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје
Доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје
Д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на албанците – Скопје
Д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје
Д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.