Денеска престанува полицискиот час

Од денеска престанува важењето на полицискиот час т.е. одлуката за забрана за движење која Владата ја воведе на 22 март, соопшти премиерот Оливер Спасовски на вчерашната прес-конференција презентирајќи ги усвоените одлуки на седницата кои се, како што рече,врз основа на исполнети услови и од анализи и препораки на Комисијата за заразни болести. Од утре ќе почнат да работат угостителските објекти со прецизно утврден соодветен протокол за работа во отворените делови т.е. терасите.

За работата во затворените објекти и тие што немаат тераси ќе се регулира во наредна фаза Од 1 јуни 2020 ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на тековните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон Скопје, организирање на работниот процес со ротации и други слични мерки и препораки.
Ќе го стопи ли коронавирусот топлото време?
Таа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа – за просторни услови, физичко растојание и носење лична заштита. Притоа Спасовски потенцираше: “Вирусот е тука и нема да исчезне преку ноќ. Ќе биде тука додека не се стекне имунитет и додека да се најде вакцина, рече Спасовски, додавајќи дека затоа е исклучително важна заштитата – физичката дистанца и носење заштитна опрема”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.