Денес е Светски ден на мајчиниот јазик, богатство што треба да се чува и негува!






Денешниот датум 21-ви февруари се одбележува како Светски ден на мајчиниот јазик, а бил прогласен  во 1999 година од УНЕСКО во насока на промовирање на важноста од сочувување и негување на мајчиниот јазик, но и на важноста на јазичната разновидност.

Востановен е во чест на еден немил настан што се случил токму на 21 февруари во далечната 1952 година. По поделбата на Индија во 1947, Дака станала главен град на Источен Бенгал, како дел од новата држава Пакистан. Поделбата на луѓето била по етничка и лингвистичка основа, а најбројни биле Бенгалците. Владата на новооснованата држава во 1948 година усвоила предлог, единствен јазик да биде „урду“. Тоа предизвикало негодувања и протести. На 21 февруари, 1952 година бил организиран масовен протест во кој учествувале голем број студенти. Полицијата усмртила многу демонстранти. Неколку години подоцна за официјален јазик бил признаен и бенгалскиот.
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ќе биде одбележан во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, и на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот каде што ќе биде одржан „Македонистички час“.
 

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | 7/7 ЕМИСИИ:

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: