Денес избори во Германија – Ќе биде ли Меркел избрана по трет пат?

Денес околу 62 милиони луѓе ќе гласаат на избоорите во Германија. Според податоците на германските медиуми, во изборите учествуваат 34 партии и 4.451 кандидат. 
До 18 часот ќе бидат отворени 80.000 изборни места во вкупно 299 општини каде што граѓаните ќе може да си го извршат своето право на глас. 
Канцеларката Ангела Меркел се надева на трет четворогодишен мандат. Нејзин за најсериозен кандидат се смета Пер Штрајнбрик кој како политичар е далеку зад неа, па оттука во  изборната тркаМеркел важи за најсериозен кандидат, а нејзините демохристијани за најсилна политичка партија.
Меркел заедно со останатите лидери, повикаа на излезеност на гласање посебно на неодлучените избирачи. 
Анкетите покажуваат дека десноцентристичката коалиција на Меркел и левата опозиција имаат еднаква поддршка во јавноста. Според аналитичарите, за победа во Берлин ќе мора да се привлечат мигрантите чие влијание се повеќе расте.
Германија има сложен изборен систем мешавина на пропорцијален и мнозински во кој секој бирач има два глас – со првиот бира политичка избор за т.н. директни мандати во Бундестагот, а со другиот глас дава поддршка за партија.
Во Германија според Уставот од 1949 година ниту претседателот ниту канцеларот не се избираат со директно гласање на граѓаните туку само во Бундестагот или во Сојузното Собрание.
Останува да видиме дали Ангела Меркел ќе ужива уште еден четиригодишен мандат. Според податоците на германските медиуми, во изборите учествуваат 34 партии и 4.451 кандидат. 
До 18 часот ќе бидат отворени 80.000 из

Пронајдете не на следниве мрежи: