Зоолошката градина во Скопје посетена како никогаш до сега. За тоа придонесуваат новите животни, новата урбана опрема и постојаните забави за најмалите.
Најголема посетеност, секако, има во викендите и тоа од најмали до најстари. Атракција сега се двете слоници, Дуња у Даела, кои од неодамна станаа жители на оваа зоолошка градина, па таму буквално врие од посетители.
Од Зоолошка, и за денес и утре најавуваат многу забава и дружење.
Сабота и недела- Дизни и Марвел забава во Скопје Зоо.
Во сабота 12:00-15:00 Игри, забава и фотографирање со омилените Мини и Мики.
Во недела 12:00-15:00 Дружба и интерактивни содржини со Captain America, Iron Man и Spiderman.
Неодамна Меморандум за соработка потпишаа директорите на Зоолошката градина и КПУ „Скопје“, Ѓорѓи Галетановски и Ѓоко Котевски, па затвореници од затворот во Шутка ќе волонтираат во скопската Зоолошка градина.
„Со ова го почнуваме проектот за ресоцијализација и едуцирање на осудени лица за полесни кривични дела. Затвореници ќе волонтираат во градината околу одржување на хигиената, чистење, уредување на нови и реновирање на постојните живеалишта. Зоолошка градина е отворена за соработка со сите државни установи и институции“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.
Освен ова во Скопје Зоо ќе биде поставена кутија за донации и сите посетители според можностите ќе може да донираат средства.
Во најкраток рок на малечката Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж. Единствен сроден донор е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик.
Оние кои не се во можност да донираат на овој начин може да донираат по телефон и тоа – T-mobile 143102 VIP 143480.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.