Денес почнува вакцинацијата

Македонија од денес ја почнува имунизацијата. Денес во десет часот, во модуларната болница во Скопје, имунитет против корона ќе добијат лекарите и сестрите кои се во првите редови во борбата против вирусот.
„Од една од овие пет столици, денес почнува долгоочекуваната имунизација во Македонија. Рано изутрина, тука ќе седнат здравствените работници од инфективна, кои први ќе ја примат вакцината против корона”
По неколку обуки, за аплицирање на вакцината се подготвени медицинските сестри во модуларната болница. Процесот е веќе познат. Пациентот прво ќе биде испрашан од докторот, па потоа ќе му биде одобрена имунизација.
Објаснуваат дека фајзеровата вакцина против корона е специфична за чување. Во едно шишенце има шест дози кои треба да се аплицираа за пет дена. За да се искористат сите шест дози потребен е специјален шприц.
Од Агенцијата за лекови, пак, го водат административниот дел. Оттаму ни рекоа дека сите потребни документи се обезбедени.
„Ние успеавме сите процедури да ги завршиме…го потпишавме документот и одобрението со кое ги пуштаме вакцините во промет”

Можеше ли вакцината побрзо да биде пуштена во промет и сложените процедури да бидат ззавршени порано, како во случајот со Албанија.
„Не знам за Албанија, ние постапувавме по барање на Министерството за здравство за одобрување на вакцината…мислам дека во рекордно време ја одобривме и воопшто не е изгубено време, туку во рекордно време е пуштена во употреба”
Четири илјади и 680-те вакцини ќе бидат аплицирани во модуларната болница во Скопје. Во зависност од динамиката на пристигнувањето на останатите дози, вакцинирањето ќе се спроведува и во уште неколку здравствени домови во Скопје и низ државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.