Денес почнува Скопскиот џез-фестивал

Од денес 18 до 21 октомври ќе се одржи 37-ми по ред Скопски џез-фестивал. Отворањето ќе биде во Македонската опера и балет со настапот на британскиот џез-пијанист Александер Хокинс, кој за овој концерт доаѓа специјално од Лондон. До недела, 21 октомври, на програмата се четири концерти во терминот од 20 часот во МОБ и три полноќни во Дансинг салата на Младинскиот културен центар.
На првата фестивалска вечер од 22 часот ќе настапи и славниот американски саксофонист Дејвид Мареј со неговиот квартет, кој заедно со раперот и поет Сол Вилијамс ќе го претстави проектот „Blues for Memo“. Со овој концерт Мареј ќе ја почне својата европска турнеја.
На полноќниот концерт во МКЦ, пак, ќе настапат бразилскиот гитарист Арто Линдзи, кој ќе пристигне од Рио, каде што живее кога не е во Њујорк, а во Скопје ќе му се придружи норвешкиот тапанар Паал Нилсен-Лав, еден од најактивните и најпродуктивните скандинавски музичари во последните две децении.
Тоа по што се разликува годинешново 37-мо од претходните изданија на Фестивалот е што годинава ќе доминира современиот џез, а музичарите што ќе учествуваат специјално ќе дојдат за фестивалот и нивните концерти, освен Дејвид Мареј.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.