Променливо облачно и нестабилно време е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи за денес. Се очекуваат поројни врнежи од дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и појава на град на одредени места. Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а максималната дневна од 15 до 26 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината во утринските часови времето ќе биде променливо облачно, а во текот на денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и северен правец. Во вечерните часови се почекува појава на дожд и грмежи.