Денес сите работиме по принципот „што ќе каже шефот, тоа ќе работиш“ без разлика на работното место

Во време кога на секој оглас конкурираат по отприлика 150 кандидати, предност има оној кој умее да завршува повеќе работи за истата цена. Иако сопствениците оваа филозофија ја опишуваат како „модернизација“, синдикатот ја објаснува како „експлоатација“.
Користејќи ја исклучително тешката ситуација и огромната невработеност, работадавачите ги злоупотребуваат своите работници во секоја смисла, па и ги тераат да бидат спремни да работат повеќе функции за истата плата.
Што значи дека секој кој бара работа мора да биде мултифункционален и да завршува и работи кои се далеку под неговите стручни квалитети. Секој од нас е сведок на ваква секојдневна експлоатација.  
Често работните места започнуваат со пракса, каде идните работниците без разлика на тоа која ќе биде нивната функција во иднина, работат „сѐ што ќе каже шефот“.Најголем проблем имаат работниците во малите компании, каде нема синдикат и нема кој да ги заштити.
Поради тоа е потребно во огласите за работа да биде наведен целосен опис на работното место кое се нуди, за работниците да знаат што можат да очекуваат од таа работа. Во време кога на секој оглас конкурираат по отприлика 150 кандидати, предност има оној кој умее да завршува повеќе раб

Пронајдете не на следниве мрежи: