Денес сончево со умерена облачност и слаб ветер

Loading...

 

Времето во Македонија денес ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 15 до 25 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време, во првите два дена посвежо, а потоа со пораст на температурата. Врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне, претежно во јужните делови од земјава.

loading...