Ден откако го погреба синот, израелскиот министер на боиштето во Газа го загуби и вникот

Ден откако го погреба синот, израелскиот министер на боиштето во Газа го загуби и вникот израелскиот министер и поранешен воен началник Гади Ајзенкот, во саботата беше објавено и дека загинал и неговиот внук од сестра.

Израелската војска во петокот потврди дека ден претходниот ден во борби во северниот дел на Појасот Газа загинал 25-годишниот Гал Меир Ајзенкот, постар наредник во резерва. На неговиот погреб во петокот на воените гробишта Херцлија, присуствувале илјадници ожалостени, меѓу кои и израелскиот претседател Исак Херцог.

Црвена Младина: Конкурсот за прием во студентските домови е скандалозен, без бодување и јасна методологија
Конкурсот за прием во студентските домови е скандалозен, без бодување и јасна методологија, реагираат од Црвена Младина. – Во текот на вчерашниот ден Министерството за образование и наука ги објави …
Албански државјанин приведен кај месноста „Клобочишки пат“
На 06.09.2024 година во 11.40 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен премин „Блато“, кај месноста „Клобочишки пат – Табла“ во близина на Дебар, го приведоа Б.Х. (24) од …

Ајзенкот на боиштето ден потоа го загуби и внукот Маор Меир Коен. Засега нема други поединости за околностите во кои загинал тој, известува весникот The Jerusalem Post. Се додава дека Маор, кој служел во редовна воена должност, е син на Шерон Ајзенкот — полусестрата на Гади, и Мајкл Мишел Коен Именувани по нивниот дедо Меир, и Маор и Гал споделувaле повеќе од семејни врски; тие поделиле и наследството.

Шеесет итригодишниот Гади Ајзенкот е пензиониран генерал кој беше началник на Генералштабот на Израел од 2015 до 2019 година. Како претставник на Партијата за национално единство, тој е и член на вонредната влада на Нетанјаху формирана откако Хамас го нападна Израел на 7-ми октомври.

Властите го информирале Ајзенкот за загубата на неговиот син додека бил во посета на јужната команда на израелските одбранбени сили (IDF). Голем број израелски владини претставници и застапници, исто така, испратија сочувство до семејството Ајзенкот.

Лидерот на опозицијата Јаир Лапид објави фотографија на Гал и Гади Ајзенкот прегрнати во воени униформи.

„Оваа фотографија. Оваа прегратка. Татко и син. И двајцата во униформа. Двајцата војници. И двајцата одговорија на повикот, беа таму кога беше потребно, направија се што треба. Судбината на целата нација е во една прегратка”, напишаa од партијата Лапид на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.