Десерт на денот: Колач со лимон и суво овошје

Потребни состојки:
2 лимона(сок и кора)
Половина шолја растопен путер
2 јајца
Лажичка ванила
1 и пол шолја млеко
3 шолји брашно
1 шолја шеќер
1 прашок за печиво
Прстофат сол
Пудинг од ванила
Суво овошје по желба
Начин на подготовка:
Во еден сад измешајте ги сите суви состојки, а во друг сад измешајте ги сите течни состојки. Сувото овошје додајте го во сувите состојки. Полека додавајте ги сувите состојки во смесата со јајца и мешајте. Додајте ја смесата во набрашнет калап. Печете на 180 степени околу 30 минути. Проверете дали е печено со чепкалка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.